За да ја поедностави Вашата работа, Аквила Ви ги претставува АДеловодник, ААрхива, Книга за Фактури (Книга за влезни фактури и Книга за излезни фактури) и Виртуелен Хард Диск.


За да бидете подготвени и во тек со сите законски обврски Аквила изработи комплетно решение за водење на електронски деловодник (АДеловодник), електронска архива (ААрхива) и Книга за фактури кои ќе го скратат Вашето време потрошено на архивирање во хартија и време потрошено во пребарување на одреден документ во хартија воедно ќе ги скратат и Вашите трошоците за водење на архива од надворешни соработници а во исто време добивате максимална сигурност и флексибилност во работењето и OnLine пристап од секаде.

 

АДеловодникот е софтвер кој ја следи Законската обврска да се води евиденција за целокупната документација на компаниите, воедно го поедноставува секојдневното работење, го скратува времето за барање на потребни документи и ги организира правилно во законски дефинираните категории според Закон за архивскиот материјал и измените на Законот за данокот на додадена вредност кои се применуваат од 01.03.2015 година а истовремено и беа модифицирани како засега доброволни со назнака дека во иднина повторно ќе бидат задолжителни.

 

ААрхива e книга/софтвер за основна евиденција (архивирање) на документите по електронски пат, во која се опфатени елементи/рубрики/категории на архивирање согласно Вашите потреби на архивирање т.е категориите за архивирање ги дефинирате сами (произволно согласно Вашите потреби од работењето).

Ова софтверско решение е наменето за мали, средни и големи компании. во суштина служи за архивирање и следење на документи, АДеловодникот ги архивира и следи документите согласно законски дефинирани полиња/категории а ААрхива ги архивира и следи документите по категории/полиња дефинирани произволно согласно Вашите потреби кои произлегуваат од Вашите работни процеси. Софтверот служи за дигитализација на Вашата архива како и за потребите на дневното работење, следење на документите по сектор, вработен, датум, отворен/затворен процес,отворен/затворен документ, одговорно лице и сл.

Највисоките стандарди за сигурност, можностите за работа на Интернет со заштитен пристап, Ви овозможуваат голема флексибилност при работењето. Достапна за Вашиот таблет или паметен телефон во секое време. Целата документација е организирана по сите законски прописи за канцелариско и архивско работење во АДеловодник или пак произволно во категории дефинирани според Вашите потреби и насоки во ААрхива

Едноставниот начин на работа со АДеловодникот и ААрхивата Ви овозможува и сами да ја дигитализирате целата Ваша архива и да ги одбегнете високите трошоци за дигитализација преку надворешни соработници, заштедувате на пари и простор за чување на документација..

 

Одлична можност да го поврзете го сметководителот, адвокатот и други поврзани соработници и заеднички полнете ја и користете ја / прегледувајте ја архивата. Можност да ги поврзете сите работни единици на вашата компанија и да ги споделувате/прегледувате/делегирате документите.

Најава за корисници за проверка на ДЕМО Верзија !

За проверка на можностите на АДеловодник, ААрхива и Книга за фактури најавете се на линкот Најава за корисници (под линкот Нарачајте) или кликнете овде

Внесете корисничко име acvilla и лозинка acvilla

Во суштина, тоа што ќе го видите, тоа ќе го добиете како наши клиенти со можност да креирање на полиња на категоризација/следење согласно Вашите потреби и насоки!